Македонија

Синдикатот за здравство задоволен од зголемувањето на платите

Синдикатот за здравство задоволен од зголемувањето на платите

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Македонија,  со  Министерството за здравство го потпишаа Анексот на Колективниот договор за здравствената дејност со кој се врши корекција на  коефициентите за вработените избрани во наставно-научни, научни и соработнички звања во јавните здравствени установи.

Корекцијата на коефициентите е во насока на зголемување на платите за 19,2% со одредена динамика, започнувајќи со платата за месец ноември 2014 година, која ќе биде корегирана за 9,6% и завршувајќи со платата за февруари 2015 година, со која ќе се постигне полниот износ од 19,2%. Со веќе извршеното зголемување од 4% со октомвриската плата, вкупното зголемување изнесува над 24%.

Преговарањето е единствено оружје за постигнување на целта. Мислиме дека колективните договори сé,  и ќе останат приоритетна тема на Синдикатот бидејќи најнепосредно влијаат на материјалната и социјалната положба на членовите на синдикатот.

Решивме некои прашања како излезно решение во услови на глобална криза и кога во опкружувањето се соочуваат со одредени намалувања. Како гранков синдикат останавме доследни на нашите барања па и постигнатиот договор  преточен во Анекс е потврда на добриот социјален дијалог и преговарачка улога со Министерството за здравство.

Преговорите не се завршени, се уште се актуелни и продолжуваат во насока на предлог измените на Колективниот договор за здравствената дејност, каде ја имаме раздвиженоста на коефициентите за сите вработени во  здравствената дејност.