понеделник, 16 јануари 2017  |  Вести денес: 29

Сингапур е најдобрата држава во Азија за да се биде мајка и жена

Листата на држави со статус на жените мајки, според петте критериуми – грижа за здравјето, обезбедување на правилно детство, образованието, приходите и политичкиот статус на жените, ја предводи Норвешка.

Сингапур е најдобрата држава во Азија за да се биде мајка и жена

Сингапур е најдобрата држава во Азија за да се биде мајка и жена

Последни вести

Сингапур е најдобрата држава во Азија за да се биде мајка. Според последниот извештај на меѓународната агенција „ Да ги сасиме децата’’, петмилионската држава е најдобра во Азија и на на 14 место меѓу 179 анализирани држави во светот.

Листата на држави со статус на жените мајки, според петте критериуми –  грижа за здравјето, обезбедување на правилно детство, образованието, приходите и политичкиот статус на жените, ја предводи Норвешка.

Сингапурките сметаат дека и покрај најдобрата позиција во Азија сеуште не се остварени сите можни потреби за обезбедување на статус во кој не ќе се размислува за полот. Тоа, според социологот Тан Ерн Сер од Универзитетот на Сингапур, значи дека сингапурското општество треба да направи многу повеќе во однос на почитување на вредностите на жените кои, покрај најсериозната работа во животот, воспитувањето на деца спремни за иднината, треба активно да се помагаат и во нивно вклучување во носење на политички одлуки, важни за сите.

Најчитани вести