Сингапур е најздравата земја во светот, која е најнездрава?

Сингапур е најздравата земја во светот, според листата на земји која ги рангира земјите врз основа на податоците од Обединетите Нации, Светската Банка и Светската здравствена организација.

Во рејтингот на агенцијата „Блумберг“ на секоја земја што има популација од 1 милион или повеќе жители и се дава оценка за здравјето и оценка за ризикот по здравјето.

Рангирањето на секоја од овие земји се заснова врз односот помеѓу овие две оценки.

Оценката за здравјето се заснова на факторите како што се наталитетот и причините за смрт, додека ризикот по здравјето се заснова врз факторите што може да ја загрозат здравствената сосотојба, како процентот на млади луѓе што пушат, бројот на лица со холестерол, како и бројот на имунизирани лица.

Најздрави земји во светот
Најздрави земји во светот

Сингапур е на врвот со 89,45 проценти, Италија е втора со 89, 07 проценти и Австралија е трета со 88, 33 проценти.

На другата страна, африканската земја Свазиленд е најнездрава земја во светот со само 0, 26 проценти.

Најнездрави земји во светот
Најнездрави земји во светот

На дното може да се забележи дека „доминираат“ земјите од Африка како што се Лесото, Демократска Република Конго, Чад и Мозамбик.

makedonija-najzdravi

Во конкуренција на 145 земји од светот, Македонија се најде на 43-тото место со 64, 82 проценти.