Сингапур најскап град на светот

Сингапур поради трошоците за сопствениците на автомобили ја потврди позицијата на најскап град во светот, пета година по ред, покажува годишното истражување на  Economist Intelligence Unit.

Азијскиот финансиски центар го разреши сообраќајниот метеж, вообичаен за Азија, со контрола над сопствеништвото на автомобилите преку систем на квоти, според кои купувачот освен цената за возилото мора да плати дополнително 50.000 американски долари за потврда за поседување ба автомобилот.

Второто место на листата го делат Париз и Цирих, четврти е Хонк Конг, а Осло е на петтото. Шестото местто го делат Сеул и Женева, на осмо е Копенхаген, па следат Тел Авив и Сиднеј. Токио и Њу Ѕорк по долго време испаднаа од листата топ десет.

Азијските градови се  вобичаено најскапи кога е во прашање храната, а европските во категоријата на помагала за домот, лична нега, рекреација и забава.

Важна причина за промена во пласманот повторно биле флуктуациите на валутните курсеви, па поради слабиот долар на листата најскапи ги нема американските градови.

Според истражувањето на ЕИУ, најефтини градови за живот се од војната разорениот Дамаск, престолнината на Венецуела, Каракас, нигеријски Лагос и Карачи во Пакистан.