Сингапур најскапа метропола, потоа следат Париз и Осло

Градот- држава Сингапур е најскапата светска метропола, која за десет години се искачи од десетто на прво место на листата „изгор скапи“ градови, според анкетата на британскиот неделник „Економист“.

„Економист“ ја составил листата на основа на просечната цена на животните намирници во 140 светски престолнини, а цените на овие намирници во Сингапур постојано растат под влијание на инфлацијата и растот на вредноста на националната валута, која порасна за 40 отсто.

Во тој град посебно се скапи услугите, како што е таксата за издавање возачка дозвола или цените на картите во јавниот превоз.

Француската престолнина, Париз, е на второ место, движејќи се кон врвот за шест позиции во последните десет години. Париз оваа титула ја „заработи“ поради високите цени на животните намирници бидејќи еден килограм леб чини 8,44 евра во просек, што е рекорд во однос на сите останати метрополи.

Осло, главниот град на Норвешка, е позната по исклучително високиот животен стандард, па затоа се наоѓа на третото место на оваа листа. Жителите на Осло за еден килограм леб треба да платат околу 5,91 евра.