Балкан

Сингапур подготвува големо изненадување за сопругата на турскиот премиер

Сингапур подготвува големо изненадување за сопругата на турскиот премиер

Втората станица од турнејата во источна Азија на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган е Сингапур, каде што домаќините подготвуваат голем изненадувачки гест кон неговата сопруга Емине Ердоган, соопшти електронското издание на весникот „Милијет“.

Реџеп Таип Ердоган и Емине Ердоган ќе ја посетат Градината на орхидеите во Ботаничкиот парк, каде еден вид орхидеи ќе биде именуван по името на сопругата на турскиот премиер.

Досега со ваков исклучителен гест биле почестен само светски познати политички лидери, како Маргарет Тачер и Нелсон Мандела, а сега ќе се појави и вид орхидеи наречен „Емине“, по сопругата на премиерот Ердоган, посочи уште весникот „Милијет“.