Сингелиќ без вода

Од 11:30 часот, денеска без вода останале жителите на селото Сингелиќ во општина Гази Баба, соопштуваат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Од претпријатието информираат дека прекинот во напојувањето со вода е поради дефект на водоводната мрежа.

Дефектот е настанат на улицата Алија Авдовиќ крак 12 и 14, без корисниците без водоснабдување ќе останат се до санирање на дефектот.