Сините пештери на Закинтос – Убавина која мора да се види

На јонскиот остров Закинтос ќе наидете на повеќе спектакуларни пејзажи, но се чини дека ништо не може да се спореди со убавината на Сините пештери на западниот брег.

Најјужниот од јонските острови, Закинтос, изобилува со запрепастувачки убави плажи, неверојатни планински предели и зелени долини. Овој остров ќе ве плени со природните убавини, но можеби најубавата глетка ќе ја пронајдете на западниот брег, во близина на малото село Волимес.

Овој предел од Закинтос е помалку развиен, рурален и поради тоа, до Сините пештери може да се пристапи само по морски пат. Но, тоа воопшто не пречи локацијата да биде една од најпосетените на целиот остров.

Екскурзиите до овие неверојатни пештери тргнуваат од повеќе места на грчкиот остров, а цените вообичаено се движат од 15 до 20 евра по човек, што секако се исплаќа откако ќе пристигнете…

Iguana-Tours

Најистакнатата од Сините пештери е Кианун, пештера во која бродовите влегуваат, овозможувајќи им на посетителите да ја искусат речиси магичната сина боја што се создава во внатрешноста. Тоа се должи на рефлексијата од тиркизната вода, која е дополнително засилена од отворот во таванот на пештерата низ кој продираат само неколку сончеви зраци, создавајќи слика што сигурно ќе ве остави без здив.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.