„Синохидро“ ќе го доизгради автопатот Кичево-Охрид

Автопатот Кичево-Охрид ќе треба да биде завршен до 2021 година откако Владата на вчерашната седница го прифати текстот на анексот на Договорот меѓу Јавното претпријатие за државни патишта и кинеската „Синохидро“.

-Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од донесување на Закон за дополнување на
Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци- Штип и патна делница Кичево- Охрид и го разгледа и го прифати текстот на Анексот бр. 1 кон Договорот за изградба на патна делница
Кичево- Охрид заради продолжување на рокот за изградба помеѓу ЈП за државни патишта и „Sinohydro Corporation Limited“- во соопштението.

Автопатот Кичево-Охрид во должина од 57 километри почна да се гради во 2014 година и требаше да биде готов во јануари годинава. Цената на потпишаниот договор за овој автопат беше 373 милиони евра, но по откриените бројни нерегуларности и нерешени имотно-првни прашања Владата ја стопираше изградбата.

Сега ќе треба да се исплатат уште 145 милиони евра за да заврши изградбата на автопатот.

Според вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев кинеската компанија поставувала неповолни услови кон македонските компании, а Владата имала две опции или да го раскине договорот со нив или да го продолжи, но со нови услови кои се крајно неповолни за дел од македонските компании кои се јавуваат како подизведувачи.