Синоќа цел на вооружени крадци две аптеки на „Зегин“ во Скопје

Од две аптеки на „Зегин“ на две различни локации во Скопје во петокот ноќта непознати лица со употреба на закана со пиштол го одзеле дневниот промет.

Едниот грабеж се случил во аптека на „Зегин“ која се наоѓа на булеварот „Крсте Мисирков“ околу 20,20 часот во Скопје, а другиот дваесет минути подоцна, во 20,40 часот во аптека која се наоѓа на улица „Козле“.