сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 24

Синот на Цеца имал сообраќајка

Вељко и неговиот другар имаат потешки повреди, но се наоѓаат надвор од животна опасност.

Синот на Цеца имал сообраќајка

Синот на Цеца имал сообраќајка

Последни вести

Синот на Цеца Ражњатовиќ, Вељко синоќа доживеал сообраќајна несреќа во Република Српска, во кој се здобил со сршеница на раката.

Несреќата се случила кога автомобил од спротивниот правец директно удрил во автомобилот кој го управувал пријател на Вељко, пишува српски Блиц.

-Сообраќајната несреќа се случила кај местото Шамац кога Вељко и неговиот другар, кој возел, се обиделе да го избегнат несовесниот возач од спротивниот правец. Човекот кој возел пред нив нагло закочил и без трепкач свртел десно. За да избегнат удар, другарот на Вељко свртел лево и налетал на автомобилот кој доаѓал од спротивната насока, вели извор на Блиц кој се нашол на лице место.

Како што пишува весникот, Вељко и неговиот другар имаат потешки повреди, но се наоѓаат надвор од животна опасност. Веднаш била повикана Итна помош и двете момчиња се примени во болница каде им се направени сите потребни снимања и испитувања.

Најчитани вести