Синот на еден од загинатите херои: Ти беше мојот херој, почивај во мир тато!

„Што и да напишам е малце и ова што го пишувам го пишувам со созли во очите, ти беше пример за прав специјалец, ти беше мојот херој, мојот идол, ангелу наш засекогаш ќе бидеш во нашите срца, никогаш нема да бидеш заборавен! Почивај во мир тато, нека ти е лесна земјата, те сакам“.

Ова е трогателната порака која на својот Фејсбук профил ја напиша синот на Горан Стојменовиќ од скопско Миладиновци, еден од осумте херои кои загинаа во вооружениот судир во Куманово.

Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ, Горан Стојменовиќ, Жарко Кузмановски и Ненад Серафимовски се имињата на загинатите бранители.

HEROIII

СЛАВА ИМ!