Синот на Лех Валенса пронајден мртов

Еден од четворицата синови на поранешниот претседател на Полска и основачот на синдикатот Солидарност, Лех Валенса, е пронајден мртов во својот стан во северниот град Гдањск.

Телото на Пжемислав Валенса (43) го пронашол член на семејството. Портпаролка на полицијата изјави дека форензичарите прелиминарно исклучиле можнопст некој да придонел за негова мсрт.

Пжемислав беше трето од осумте деца на Лех Валенса – четири синови и четири ќерки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.