Синот на Мило Ѓукановиќ ќе гради мала хидроцентрала на Раштак

Синот на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, Блажо Ѓукановиќ, поднесе барање до Министерството за одржлив развој во име на својата фирма „ББ Хидро“, за изградба на мали хидроелектрани на водопадот на реката Раштак.

Тој планира да изгради мала хидроелектрана на атрактивниот водопад на колашинската река Раштак, преку својата фирма „ББ Хидро“.

Според „Вечерње новости“, тој веќе предал барање до Министерството за одржлив развој и туризам за оваа работа, а потпис ставил неговиот овластен застапник Славен Бурзановиќ.

Инаку, „ББ Хидро“ е регистрирана за производство на електрична енергија, додека другата фирма „ББ Солар“ се занимава со поставување на електрични инсталации.

Изградбата на мали хидроелектрани на брзите црногорски води е еден од клучните програми за развој на оваа стопанска гранка и од која се очекува многу.