Спорт

Синот на Морати сака да биде претседател на Интер

Синот на Морати сака да биде претседател на Интер

Поранешниот сопственик на италијанскиот калчо гигант Интер, Масимо Морати, го привлече вниманието на фудбалската јавност со изјавата дека неговиот син, Анџело Mарио има амбиција да седне во претседателската фотеља.

“Би било навистина лудо, јас повторно да седнам во претседателската фотеља. Сепак, еден ден, можно е мојот син да биде именуван за нов претседател на Интер. Не можам да ја отфрлам оваа опција. Знам дека Анџело Mарио има таква амbиција, но сега е рано за такво нешто. Сrеќен сум што и понатаму сум дел од Интер, но тоа е благодарение на новиот сопственик на ’нероазурите’, господинот Ерик Тохир”, изјави Морати.

Под водство на Морати, Интер освои пет шампионски титули во италијанската Серија А, го освои победничкиот пехар во Лигата на шампиони и славеше на Клупскиот Мундијал во Јапонија.