Синот на Ругова во едномесечен притвор

На синот на поранешниот косовски претседател Ибрахим Ругова, Ук, денеска му е одреден едномесечен притвор врз основа на обвиненија за повеќе кривични дела.

Специјалното обвинителство на Косово го товари Ук Ругова за поврзаност со организирниот криминал, за измами, за шверц на мигранти и за злоупотреба на службена положба и овластувања.

Судија од Основниот суд во Приштина му одреди мерка притовор на Ругова, бидејќи „постои голем ризик осомничениот да побегне од државата и ризик за заплашување на сведоците“.