Синот на Шумахер влезе во Формула 4

Синот на легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер 15-годишниот Мик, потпиша договор со холандскиот Ван Амерсфорт Рејсинг.

Автомобилистот од Германија ќе биде дел од тимот на Формула 4, преку серијата за развој на млади таленти.

Сопственикот на тимот Фриц ван Амерсфорт рече дека се радува на соработката со синот на Михаел Шумахер.

Младиот автомобилист на тест-возењата покажал „завидни вештини“.

Мик Шумахер претходната натпреварувачка кампања во картинг првенството на Германија заврши на второто место.

Неговиот татко е најуспешен возач на Формула 1 во историјата, со седум титули.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.