Свет

„СиП“: Намален кредитниот рејтинг на Москва

„СиП“: Намален кредитниот рејтинг на Москва

Меѓународната агенција „Стандард и Пурс“ ги намали прогнозите за долгорочниот рејтинг на Москва од стабилни на негативни и ги потврди на нивото „БББ“.

Агенцијата соопштила дека прогнозата за рејтинг на Москва на стабилно ниво ќе може да се ревидира дури откако ќе се промени прогнозата на суверениот рејтинг на државата на стабилно ниво.

„СиП“ на 20-ти март ја намали прогнозата на суверениот рејтинг на Русија од стабилен во негативен поради можните последици од санкциите на САД и ЕУ.

Еден ден подоцна, агенцијата „Фич“ исто така ја промени прогнозата за рејтингот на Русија од стабилна во негативна, а на 24-ти март ја намали прогнозата за рејтингот на Москва на негативна.