Шиповиќ оди во домашен притвор

Претседателот на Советот на Oпштина Центар, Мирослав Шиповиќ е пуштен во домашен притвор.

Со одлука на судијата во судскиот процес „Претседавач“, Шиповиќ оди во домашен притвор, со образложение дека не е осудуван, дека против него не се води друга постапка, како и поради тоа што покажал примерно однесување во досегашната постапка.

Во целост ви го пренесуваме соопштението од судот:

Претседателот на судечкиот совет кој го води предметот К.бр. 32/14 во јавноста познат како „Претседавач“ при Основниот суд Скопје 1 – Скопје по службена должност донесе одлука на обвинетите М.Ш., В.Д., С.Г., С.Т. и на Н.Ш. мерката притвор да им ја замени со мерка куќен притвор, со оглед на тоа што обвинетите досега не се осудувани, не се води друга постапка против нив, а воедно покажале и примерно однесување во текот на досегашната постапка. На денешното рочиште својата одбрана ја јаде деветто обвинетата С.Г. Следното рочиште е закажан за 27.05.2014 година во 09 и 30 часот со сослушување на обвинетиот С.К.