Сириец глумел грчки Данец на Табановце

На 29.11.2014 година во 21,30 часот на ПС за ГП Табановце, на излез од Р.Македонија со воз допатувал Г.А.(28) од Данска, кој за пасошка контрола приложил данска патна исправа. Поради основ на сомнение дека лицето се послужило со туѓа патна исправа, извршен бил преглед и претрес над истиот и неговиот багажот, при што бил пронајден сириски документ, како и грчки документ за барател на азил со неговиот вистински идентитет. По обавен разговор истиот изјави дека данската патна исправа ја има купено за износ од 2.000 евра во Грција од непознато лице. Се работи на целосно расчистување на случајот.