Сириец сакал да влезе во Македонија со фалсификувана лична карта

Триесет и тригодишен сириски државјанин, вчера при пасошка контрола на граничниот премин „Табановце“, покажал португалска биометриска лична карта, која било утврдено дека е фалсификувана.

Според МВР, тој  признал дека претходно во Атина од непознато лице по потекло од Иран ја купил за 100 евра.