Сиригу останува “светец”

Италијанскиот голман Салваторе Сиригу го продолжи договорот со тимот на ПСЖ до 2018. Тој имаше уште една година од актуелниот договор, но по успешните преговори со раководството на клубот, Сиригу ќе остане помеѓу “светците” дополнителни 3 сезони.

Сиригу дојде во ПСЖ во 2011 година за сума од 3,9 милиони евра. Иако низ медиумите ова лето се најавуваа неколку познати имиња како можни засилувања на ПСЖ, сепак, тренерот Лорен Блан, се уште има максимална доверба во италијанскиот чувар на мрежата, а оттаму и новиот договор за соработка до 2018 година.