Свет

Сирија: 18 лица загинаа во експлозија

Сирија: 18 лица загинаа во експлозија

Осумнаесет лица загинаа во експлозија во провинцијата Хама, во централниот дел на Сирија, соопшти Опсерваторијата за заштита на човековите права. Бомбата била поставена во автомобил.

Нападот се случил во близина на училиште во местото Ал Кафате кое под контрола на сириската власт. Меѓу жртвите им и цивили и припадници на локалните безбедносни сили.

Државната сириска телевизија јави дека во нападот се убиени 16 лица, а повредени десетина.

Одговорноста за нападот ја превзема џихадистичка група поврзана со Ал Каеда.