Сирија без струја

Целата територија на Сирија денеска остана без струја од засега непознати причини, јави Би-Би-Си.

Според сириската државна агенција САНА, струја нема во ниту една провинција во Сирија.

Покрај струја, во многу делови на Сирија во прекин се и интерент врските.

Во тек е утврдување на причните поради кои дошло до прекинот на струјата.