вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 64

Сирија: Бомбаш-самоубиец се разнесе во пекара – Најмалку 25 лица се убиени

Шест од загинатите се деца, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

sirija-640x361

Последни вести

Најмалку 25 лица загинал во самоубиствен напад во пекарница во претежно курдскиот град Хасака во североисточниот дел на Сирија, а одговорноста за нападот ја превзема Исламската држава.

Шест од загинатите се деца, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

Исламската држава по нападот, кој се случил во вторникот, соопштила дека бил насочен против курдската полиција JPG, пренесува „Ројтерс“. Бомбашките напади во Хасака изминативе месеци беа ретки.

JPG, која контролира голем дел од Хасака, минатата година, има преземено голем дел од Исламската држава во североисточниот дел на Сирија и вклучена е во офанзивата која ја поддржува САД.

 

Најчитани вести