Сирија: Детето кое бегаше низ пустината не било само

Фотографијата на четиригодишното дете кое преку пустината побегнало од Сирија во Јордан предизвика големо внимание во јавноста. Но, детето не било само, наведуваат до УНХЦР.

Детето било во група бегалци кои бегале од сирискиот режим. Во бранот бегалци кои ја преминуваат сириско- јорданската граница, најголемо внимание привлече осамениот четиригодишен Мараван. Неговата форографија на Твитер ја постави службеник на УНХЦР, Ендру Харпер, по што набрзо се појавиле написи во медиумите дека детето само ја препешачило пустината и пристигна во Јордан.

Харпер потоа на својот Твитер профил објаснил дека детето не дошло само, туку дека било во конвој бегалци кои стигнале од Сирија, а потоа бил одвоен од своето семејство. Како што објасниле од УНХЦР, Мараван повторно му се приклучил на своето семејство, набрзо по преминот на јорданската граница.

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.