Свет

Сирија ќе формира вселенска агенција

Сирија ќе формира вселенска агенција

Сириската Влада одлучи да  формира вселенска агенција за научни истражувања, објави државната новинска агенција САНА.

Владата го одобрила проектот за формирање вселенска агенција „со цел да се искористат вселенските технологии за операции за истражување на Земјата и за развој“, се наведува во соопштението.

Од почетокот на бунтот во Сирија од средината на март 2011 година загинаа најмалку 146.000 луѓе, а приближно половината од Сиријците се принудени да ги напуштат домовите.

Сирискиот премиер Ваел ал Халки вчера изјави дека причинетата материјална штета изнесува околу 31  милијари долари, сума речиси еднаква на сирискиот бруто домашен производ. Сирија се соочува и со меѓународни санкции