Сирија ќе се бори против тероризмот заедно со опозицијата

Сирија изрази подготвеност да се бори против тероризмот заедно со опозицијата, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

„Ние сме подготвени за соработка со опозицијата за постигнување на целите на спротивставување на тероризмот врз основа на Декларацијата усвоена на средбата на Г8, и соодветните резолуции на Советот за безбедност на Обединетите Нации“, истакнал министерот за надворешни работи на Сирија Валид Муалем, кој е во посета на Москва.