Сирија – магнет за екстремистите

Неколку илјади странци се борат во редовите на опозициските сили во Сирија, а некои од нив треба да поминат обука за да вршат напади во својата родна земја, истакнаа директорите на американските разузнавачки агенции за време на сослушувањето во Сенатот, пишува „Ле Монде“.

„Сметаме дека во моментов во Сирија се борат околу 7.000 странци од околу 50 земји, доста од нив од Европа и Блискиот Исток“, изјавил Џејмс Клапер, директор на разузнавањето, кој обединува 16 разузнавачки агенции во САД.

„Сирија се претворила во огромен магнет за екстремистите“, изјави Клапер, истакнувајќи дека постојат приближно 1.600 групи што се борат против режимот на Башар ал Асад. Во нив веројатно има помеѓу 75.000 и 110.000 борци, а според американските служби 26.000 лица од нив се екстремисти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.