Сирија: Над 136.000 лица убиени за време на војната

Над 136 илјади луѓе се убиени за време на граѓанската војна во Сирија која трае веќе три години, соопшти Сириска опсерваторија за човекови права чие седиште е во Лондон.

Оваа организација, која според руското министерство за надворешни работи не може да биде релевантен извор, бидејќи ја водат двајца луѓе од кои директорот е сопственик на ресторан во Лондон со непотполно образование, тврди дека во процените се потпира на болнички и други медицински извори, на извори од бунтовниците и активист на теренот во Сирија.

Според нивните податоци,  најмалку 136.227 убиени, од кои  47.998 се цивили, од кои повеќе од 7.300 се деца.

Меѓу жртвите на граѓанската војна се и 31.629  сунитските опозициски борци додека бројот на убиени војници и полицајци на владините сили изнесува 53.167.

Директорот на Опсерваторијата  апелираше до меѓународната заедница да ја изврши својата хуманитарна и морална задача за овие факти да му бидат предочени на Меѓународниот кривичен суд.