Свет

Сирија: Најмалку 100 лица ранети во две експлозии

Сирија: Најмалку 100 лица ранети во две експлозии

Во две експлозии, што ја потресоа североисточната сириска провинција Хасака, убиени се и ранети над 100 лица, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права од Лондон, цитиран од ДПА.

Едната ескплозија, извршена од атентатор самоубиец со автомобил бомба, се случила во курдската населба Ал Мјуфти, во момент кога локалните Курди ја празнувале Новата Година- Навруз. Вториот напад со експлозив бил изведен на друго место во истата населба.

Навруз се празнува од Курдите и Иранците и го означува првиот ден
од пролета и почетокот на новата година според персискиот календар.

Според сириската радиостаница АРТА ФМ, која емитува програма во северна Сирија, во двете експлозии најмалку 35 лица загинале и десетици се ранети.