Сирија: Најмалку 100 загинати во новите судири

Најмалку сто лица загинаа во најновите судири меѓу сириските владини сили и бунтовниците на југот од Сирија, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.

Според Центарот, сириските владини сили, поддржани од припадници на либанското шиитско милитантно движење Хезболах, пред една недела започнале офиназива против бунтовниците во провинцијата Дара, која се наоѓа на границата на Сирија со Израел.

Во жестоките борби изминативе денови загинале најмалку 50 бунтовници и 43 сириски војници.

Порвнцијата Дара е едно од упориштата на бунтовничките сили во Сирија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.