Сирија: Нема примирје во Алепо без заминување на бунтовниците

Сирија го отфрла прекинот на огнот, кои ќе го договорат страните во источно Алепо под контрола на бунтовниците, доколку сите терористички групи не го напушат тој дел од градот, соопшти денеска сириското Министерство за надворешни работи.

Сириската Влада ги смета за терористи сите бунтонички групи против кои се бори.

Русија и Кина стави денеска вето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, со која се бара седумдневно примирје во сирискиот град Алепо.

Русија тврди дека со тоа на бунтовниците би им се овозможило да се прегрупираат и оти е потребно време за разговорите меѓу Вашингтон и Москва.