Сирија: Нусра фронтот им вети лојалност на ривалската група ИСИЛ

Нусра фронтот, сирискиот огранок на терористичката организација Ал Каеда вети лојалност на ривалската група ИСИЛ, објавила денес Сириската опсерваторија за човечки права со седиште во Лондон.

Изјавата за лојалност на ИСИЛ е дадена во сирискиот град АЛбу Камал, во близина на сириско ирачката граница. На тој начин, како што соопшти Опсерваторијата, ја јакне контролата на ИСИл од двете страни на сириско ирачката граница.

Корисниците на друштвените мрежи поставија фотографија на твитер за која тврдат дека го прикажува Абу Јусуф ал Масри, лидерот на Нусра фронтот во Алба Камала, како се заколнува на верност пред еден од истакнатите борци на ИСИЛ, прнесе Ројтерс.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.