Сирија предала помалку од пет отсто од хемиското оружје

Сирија предала помалку од пет отсто од својот арсенал на хемиско оружје и ќе го пропушти рокот следната недела да ги испрати сите отровни агенси надвор од земјата на уништување, соопштиле извори блиски на таа проблематика.

Испораката, испратена во два брода во овој месец од северното сириско пристаниште Латакија, изнесува вкупно 4,1 отсто од отприлика 1.300 тони токсични агенси кои ги пријави Организацијата за забрана за хемиско оружје.

Операцијата, која што има меѓународна поддршка, сега заостанува шест до осум седмици за планираните рокови. Дамаск треба да покаже дека е сериозен во намерата да го предаде своето хемиско оружје.