12.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Сирија ги седна на преговарачка маса Путин и Обама

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Барак Обама, ќе имаат средба во понеделник во Њујорк, каде ќе се одржи годишната сесија на Генералното собрание на ООН, а тема на разговори ќе бидат Сирија и сириските бегалци.

На 28 септември претседателот Владимир Путин ќе се сретне со својот американски колега Барак Обама, а исто така и со јапонскиот премиер Шинѕо Абе, изјавил пред новинари Дмитри Песков, портпарол на кабинетот на рускиот претседател, објавува Итар Тасс, пренесува Нетпрес.

– Договорена беше средба со јапонскиот премиер Абе, а потоа и средба со претседателот на САД, рекол Песков.

На новинарско прашање, за што ќе разговараат Путин и Обама, Песков одговорил:

– Погодете од три пати.

Средбата меѓу претседателите на Русија и на САД била организирана по взаемна согласност

Главна тема на разговорите меѓу Путин и Обама ќе биде Сирија и бранот бегалци, рекол Песков, јавува „Ројтерс“. Тој дополнил дека Украина ќе биде разгледана, „ако остане време за тоа“.

Според Џош Ернест, портпарол на Белата куќа, средбата е на барање на Владимир Путин.

– Главна тема (за Обама), ќе биде Украина, рекол тој.

Песков прецизирал дека средбата ќе се одржи по говорот на Путин на Генералното собрание на ООН. Можно е таа да трае меѓу 50 минути и еден час.

Претседателот на САД, Барак Обама, ќе побара објаснување во понеделник од својот руски колега, Владимир Путин, како Русија планира да и’ се спротистави на Исламска држава во Сирија, бидејќи го зголемува своето воено присуство во Сирија, објавува „Ројтерс“, повикувајќи се на информации добиени од претставници на Белата куќа.

putinREUTERS
Сирија ги седна Путин и Обама на рпеговарачка маса

Има многу за разгледување и сега е времето Русија да даде прецизирање во однос на прашањето како точно предлага да биде конструктивен соработник на веќе постоечката меѓународна коалиција, изјавила Селест Воландер, советник на американскиот претседател Барак Обама за Русија.