Сирија: Руската војска донесе пет тони хуманитарна помош во градот Хама

Руската војска испорача околу пет тони хуманитарна помош во три центри за бегалци во сирискиот град Хама, изјави денеска портпаролот на Рускиот центар за помирување на спротивставените сили во Сирија, полковник Сергеј Иванов.

Како што јави ТАСС, во пратката се наоѓа леб, конзервирано месо и риба, пакувани оброци, шеќер, брашно, млеко во прав и житарки, како и слатки за деца.

Руски активисти ќе работат во бегалските центри и ќе им пружаат помош на сите, додаде ТАСС.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.