Сирија: Сите политички сили ќе можат да земат учество на претстојните избори

Владата на Сирија уверува дека сите политички сили ќе можат да земат учество во претстојните избори што треба да се одржат во земјата, пренесе „РИА Новости“.

„Претстојните избори ќе се одржат на повеќепартиски основа во согласност со новиот Устав на Сирија. Ова ќе овозможи учество во изборите на сите кои имаат таква желба и политички сили кои уживаат во поддршката на сирискиот народ“, изјавил заменик – министерот за надворешни работи на Сирија, Фејсал Микдад.