Сирија соборила израелски проектили истрелани кон воен објект во близина на Дамаск

Сириските државни медиуми објавија дека во понеделникот Израел истрелал ракети врз сирискиот воен објект во близина на главниот град Дамаск, но оти системите за противвоздушна одбрана успешно ги пресретнале трите лансирани ракети.

Државната новинска агенција SANA објави дека нападите се случиле во понеделникто во 11,30 часот по локално време, а очевидци изјавиле дека се слушнале три силни експлозии и се гледал густ чад над областа Џамраја.

Израел во минатото гаѓаше позиции на либанското шиитско движење Хезболах во Сирија, кое се бори на страна на силите на владата на сирискиот претседател Башар ал-Асад.

Во саботата сириските државни медиуми објавија дека изралеските ракети погодиле воени цели јужно од Дамаск, додека во септември Израел нападна сириски воени објекти за кои тврди дека биле наводно поврзано со произвдоство на хемиското оружје.

Портпаролката на израелската војска не сакала за Reuters да ги коментира овие изјави.