(ФОТО+ВИДЕО) Се сменија улогите – Сиријски терористи масовно убиваат џихадисти

Терористичка група од Сирија објавила видео во кое се прикажува масовно погубување на припадници на Исламската држава.

Исламистите овој пат се нашле во улога на жртви, облечени во црно, додека нивните џелати ги носат карактеристичните портокалови одела, онакви какви што носат заробениците кои ги убива ИСИС.


islamisti-ubistvo

Исламистите овојпат биле од глава до петици облечени во црно, но се нашле во улога на жртви.

Терористите од Сирија пред камери погубиле 13 џихадисти. Прво ги натерале да клекнат, потоа им пукале во глава.

Масовното погубување го извршила сиријската терористичка група Војска на исламот.

„Алах не создал болест, а со тоа да не создаде лек“, се слушаат на снимката зборовите на командантите кои ги повикувал сите припадници на Исламската држава да се покајат.

islamisti-foto

Сириската терористичка група Војска на исламот постои веќе четири години, а се бори против ИСИС и против сирискиот режим. Нивните активности, наводно ги финансира Саудиска Арабија.