Сирија: Убиен командант на Ал Каеда

При воздушен напад на авион на меѓународната антиџихадистичка коалиција во сирискиот регион Идлиб, денеска е убиен еден од командантите на огранокот на Ал Каеда во Сирија, Фронтот Ал Нусра, генерал Абу Хумам ал Шами.

Според западните медиуми, Шами е највисокиот член во хиерархијата на Ал Нусра што е убиен од неговото формирање во 2013 година.

Шами, кој има борбено искуство од учество во конфликтите во Авганистан, Ирак и Сирија, бил убиен при напад врз објект во кој се одржувал состанок на претставници на сирискиот огранок на Ал Каеда.