Сиријци со холандски патни исправи уапсени на Табановце

На 02.12.2014 година во 05,30 часот на ГП „Табановце“ за излез од Р.Македонија, со ПМВ „Сеат Леон“ со холандска национална ознака управувано од лице со холандска лична карта во кое биле уште три лица сите со холандски патни исправи, при вршење на пасошка контрола полицискиот службеник се посомневал дека истите не се сопственици на патните исправи при што во разговор лицата изјавиле дека се од Сирија, а патуваат од Грција и дека истите влез оствариле на ГП„ Богородица“. При извршен преглед и претрес на лицата и нивниот багаж не биле пронајдени лични документи со кои би се утврдиле нивниот вистински идентитет. Лицата се приведени, се работи на целосно расчистување на случајот.