Сиријци врзале охриѓанец во плевна и го ограбиле

Двајца Сиријци вчера врзале охриѓанец во неговата плевна и го ограбиле.

Како што соопшти МВР, вчера околу шест часот во Охрид на улицата „Стив Наумов“, во сопствената плевна, З.Ќ. од Охрид затекнал две непознати лица (најверојатно од Сирија) како спијат.  Во тој момент едно од лицата му се заканило со пиштол и со пластични врвки му ги врзале рацете. Откако го заврзале му одзеле приврзок со клучеви, велосипед и еден дуксер, по што побегнале во непознат правец.

З.Ќ. бил пронајден во 7:15 часот и не бил повреден, а од МВР преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.