Свет

Сиријка каменувана до смрт поради Фејсбук

Сиријка каменувана до смрт поради Фејсбук

Девојче од Сирија било каменувано до смрт како казна зашто отворило профил на Фејсбук, пренесуваат светските медиуми

Фатум Ал Јасем е осудена на смрт на шеријатскиот суд во сирискиот град Ал Рекаи, затоа што според пресудата да се има Фејсбук профил е неморално однесување.

Девоjчето било приведено од вооружени лица од групата ИСИС, кои се поекстремни во делувањето од Ал Каеда.

Судот под надзор на ИСИС донел пресуда дека членовите на социјалните мрежи заслужуваат иста казна како и прељубниците.