Уште една Сиријка се породи во Македонија

Сириска мигрантка се породи во Скопје

Уште една Сиријка се породи во Македонија. Менол Суех попладнево на свет донесе здраво девојче во гевгелиската болница.

Мајката со болки околу 11 часот била примена во болницата каде во 15:30 часот била породена по природен пат.

Девојчето е тешко 3.250 грама и долго 51 сантиметар. И мајката и детето се наоѓаат во добра состојба. Инаку ова е петти случај на породување на мигрантка во Македонија.

На сите мигрантки што досега се породија во Македонија им беше дадена потребната лекарска нега. Ова е уште една потврда дека Македонија има хуман пристап и им помага на мигрантите во согласност со своите можности.