Сиријската војска уби најмалку 45 цивили во Алепо

Најмалку 45 цивили беа убиени денеска во воздушни напади извршени од сириските војски во северната провинција Алепо, објави МИА.

Десетици се ранети при бомбардирање село заземено од џихадистите од Исламска држава и во квартот Ал Шаар во градот Алепо. Тој град е под контрола на бунтовниците, соопшти Сирискиот центар за човекови права