Сириската армија го зазема последното упориште на ИД во Хомс, коалицијата на САД употребила фосфорни бомби во Рака

© REUTERS / Rodi Said/File Photo

Силите на сириската влада помогнати од сојузничките локални милиции и доброволци го заземале од ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава (ИД) последното големо упориште во покраината Хомс, соопшти во саботата опозициската Сириска опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон.

Единиците на сириската армија напредуваат кон утврдувањето на џихадистите во источниот дел на земјата. Градот ал-Сукна, кои се наоѓа североисточно од дрвниот град Палмира, е веќе под контрола на владата во Дамаск.

Станува збор за област на околу 50 километри од административната граница со покраината Деир-ез-Зор, којашто е речиси целосно под контрола на Исламската држава.

Сириската новинска агенција SANA претходно во сабота објави дека градот ал-Сукна е целосно опколен од владините сили.

Агенцијата, исто така, објави дека меѓународната коалиција предводена од САД извела воздушен удар со фосфорни бомби врз болница во градот Рака, кој е под контрола на Исламската држава. Оваа информација за SANA ја потврдила заменичката на шефот на локалниот оддел на Црвената полумесечина, Дин ал-Асаад, додавајќи дека во овој напад имало 43 цивилни жртви.

„Болницата беше бомбардирана со повеќе од 20 проектили, чија цел биле генераторите за електрична енергија, возилата на итната помош и оддели во полиција“, рекол Асаад кој според агенцијата живее во Рака. Според неа, во зградата немало припадници на Исламската држава, а оваа болница опслужувала околу 100.000 луѓе од градот.

И претходно SANA известуваше за употреба на фосфорните бомби во текот на воздушните напади на коалицијата предводена од САД во Рака, како оној од 9 јуни, кога загинале најмалку 17 цивили.

Од коалицијата одговорија дека во Сирија ги употребуваат фосфорните бомби во согласност со меѓународните норми, преземајќи мерки на претпазливост во однос на цивилното население.

„Во согласност со сопствената (информативна) политика на коалицијата не се разгледуваат распоредувањето, опремата на силите со конкретни видови вооружување и нивната примена. Сепак, во согласност со правилата за (водење) вооружени конфликти белата фосфорна муниција се користи за воспоставување димни завеси, за маскирање, како и за маркирање на целите“, се наведува во соопштението на коалицијата.