вторник, 27 декември 2016  |  Вести денес: 34

Сириската армија навлезе во Рака, бастионот на ИД

Како што соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, напредувањето на владините сили е во рамки на офанзивата против борицте на ИД во Рака, што започна во четвртокот.

Сириската армија навлезе во Рака, бастионот на ИД

Сириската армија навлезе во Рака, бастионот на ИД

Последни вести

Сириските владини сили денеска, првпат по 2014 година, успеаја да навлезат во провинцијата Рака, која важи за главно упориште на џихадистичката група Исламска држава (ИД) на територијата на Сирија.

Од почетокот на офанзивата, според Центарот, во реонот на Рака загинале 26 џихадисти и шестмина сириски војници.

Во офанзивата во Рака, сириските владини сили се поддржани од руски воени авиони и паравоени формации лојални на властите во Дамаск.

Џихадистите ги потиснаа сириските владини сили од оваа северна провинција во август 2014 година, по што градот Рака го прогласија за престолнина на нивниот „Исламски Калифат“.

Според сириски аркиски извори, целта на офанзивата е прво да се ослободи градот Табка, кој се наоѓа на бреговите на реката Еуфрат.

Владините сили навлегле во провинцијата Рака од југозапад и веќе се наоѓаат на 40-тина километри од Табка.

Офанзивата на владините сили во Рака започна десетина дена по акцијата на бутовничката група Сириски демократски сили, поддржана од САД, чии припадници навлегоа во провинцијата од север и исто така напредуваат кон Табка,

Во близина на Табка порано се наоѓаше воен аеродром, каде по преземањето во 2014 година џихадистите егзекурираа 160 сириски војници.

Во моментов под контрола на ИД е целата територија на провинцијата Рака, со исклучок на градовите Тал Абајад и Аин Иса, од каде џихадистите беа птоснати од бориците на Сириските демократски сили, формација која ја сочинуваат бунтовнички групи на Арапите и сириските Курди.

Најчитани вести