Сириската армија во Алепо уби 36 лица меѓу кои и 15 деца

Во соопштението на  опозицискиот Сириски центар за мониторинг на човековите права се вели дека во три одделни напади на населби во Алепо сириската армија убила 36 лица, меѓи кои и 15 деца.

„Денеска не паѓаше снег, туку бомби фрлени од хеликоптери и авиони. Тие ги одзедоа животите на 36 лица, вклучувајќи и на една жена, на 15 деца и на едно момче во неколку населби североисточниот дел на градот, меѓу кои се Хајдарија, Ард ал Хамра и Сахур“, изјави директорот на Центарот, Рами Абдел Рахман.

Нападите се случија само еден ден откако сирискиот Црвен крст достави храна и лекови во централниот затвор во Алепо, што веќе осум месеци е опколен од бунтовниците.

На почетокот на минатата недела Владата на ирискиот претседател Башар ел Асад прогласи амнестија на сите затвореници, поради лошите хуманитарни и санитарни услови.

Во меѓувреме, најмалку 32 цивили припадници на верските малцинства биле убиени во Адра, во близина на Дамаск, откако исламистичките бунтовници во средата го нападнаа градот со цел да ја преземат контролата врз главниот приод кон него. Меѓу жртвите има четири жени. Убиени се алавити, шиити и друзи, наведува Центарот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.