Сириската опозиција ги напушти мировните преговори во Женева

– Сите членови на Високиот комитет за преговори ќе заминат од Женева денеска и утре. Делегација доби инструкции од главниот координатор Ријад Хиџаб, изјави неименуван извор.

Тој посочи дека заминувањето од Женева е тажно и оти тоа ќе биде грешка, како и дека тешко ќе биде делегацијата да се врати поради ситуацијата на теренот.

– Се уште се прават обиди да се убедат опозициските делегати да останат во Женева, но мали се шансите тоа да се случи, посочи неименуваниот дипломат.

Високиот комитет за преговори, кој е поддржан од западните држави, Турција и клучните арапски држави, како Саудиска Арабија, во понеделникот го прекина учеството во мировниот процес, но се согласи да преговара за технички прашања надвор од зградата на Обединети нации.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.